МОСТ промовира нова алатка за пријавување нерегуларности на изборите
Граѓанската асоцијација МОСТ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи и олесни на граѓаните да пријават нерегуларности за време на изборниот процес за предвремените парламентарни избори.
Како што соопшти Асоцијацијата, од денеска е активна платформата http://neregularnosti.most.
Преку оваа платформа, МОСТ истовремено ќе ги следи и евидентира и објавите по социјалните медиуми на кои ќе бидат регистрирани нерегуларности, и тоа преку: #izbori2016#neregularnosti#
Дополнително, доколку самите граѓани не се во можност самостојно да ги внесат овие нерегуларности преку интернет платформата, покрај бесплатната телефонска линија 080 080 080, МОСТ креираше и посебна имејл адреса за пријавување на нерегуларности: neregularnosti@most.org.mk.
Граѓанската асоцијација МОСТ ги повикува граѓаните да пријават какви било нерегуларности.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам