Моторот се поделил на половина: Едниот другар загина - другиот се бори за живот

Мотоциклистот Милош Јовановиќ загина во страшна несреќа на патот Краљево-Врањачка Бања, а во сударот е тешко повреден Никола Б. кој бил на моторот, додека две жени кои биле во автомобилот се тешко повредени.
Според зборовите на очевидците, за страшната несреќа која ја потресе Србија, моторот од ударот буквално се пределил на половина, а телото на Милош било пронајдено на 20 метри од моторот, откако летнало во воздух.
- Се враќав од град кога налетав на несреќата. Беше ужасно, моторот беше поделен на половина и гореше. Еден од мотоциклистите беше до моторот, а другиот летна во воздух и падна кај каналот. Го гасеа моторот со апарати, вели сведок за Курир.рс.
За жал, Милош почина на лице место, а Никола се бори за живот.
Полицијата истражува како дошто до несреќата.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
