-->
-->
Може ли да се одбие ваква понуда?!
-->

Златан Ибрахимовиќ, по завршувањето на сезоната ќе го напушти ПСЖ, а медиумите секојдневно шпекулираат каде тој ќе ја продолжи кариерата.
Ибрахимовиќ иако има 34 години игра во одлична форма, најдобар е стрелец во францускиот шампионат и еден од најзаслужните што ПСЖ избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Како негова следна дестинација се споменува Премиерлигата (Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал), Серија А (Милан) и американската МЛС лига, а најновите шпекулации говорат дека добил неморална понуда од Кина.
Сензационалната вест говори дека Ибрахимовиќ добил понуда според која годишно би заработувал 75 милиони евра!? Името на клубот не се споменува, туку дека во реализиција на трансферот се вклучил лично еден од најмоќните луѓе на светот, кинескиот претседател Си Џипинг.
Кинескиот претседател е голем фудбалски фанатик, а наводно негова била замислата Ибрахимовиќ на залесот од својата кариера да пристигне во Кина.
Фудбалот во изминатите неколку години доживува вистинска експанзија во Кина, а клубовите особено беа актуелни во јануарскиот преоден рок, кога на засилувања потрошија преку 350 милиони евра, за трансфери на познати играчи (Џекосн Мартинез, Алекс Тешеира, Лавеци, Рамиреш...).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
