Тенис
12. јуни 2023 - 20:02

Може ли Ѓоковиќ да освои 30 грен слем титули

 

Со триумфот на Роланг Гарос Новак Ѓоковиќ за помалку од еден месец се врати на врвот на АТП листата и за победата во Париз заработи 2.5 милиони долари. 
Камбекот на врвот за српскиот тенисер е значаен поради победата против директниот конкурент, шпанецот Алкараз во полуфиналната пресметка. 
Овој меч и самиот триумф на Ѓоковиќ  на францускиот Грен слем не само што му ја донесе рекордната 23-та Грен слем титула во кариерата туку можеби и ќе отвори ново поглавје во иднината на машкиот тенис каде неколку  помлади тенисери како Медведев,Зверев, Циципас и Алкараз се обидуваат да ја затвората долгогодишната ера на Федерер, Надал и Ѓоковиќ кој со години се неприкосновени на тениските терени. 
Најдобриот светски тенисер со прикажаната игра во Париз потврди дека и покрај годините има уште за освојување. За експертите реално е Ѓоковиќ  да се доближи до 30 – грен слем титули што ќе биде извонредно достигнување ако се знае дека голем број од тие титули ги има освоено во директните пресметки со Федерер и Надал.