Може ли мобилен телефон да привлече гром?

Откако во Москва молња удри во мобилниот телефон на едно момче, додека тоа разговарало за време на бура, руските медиуми побараа стручно мислење.
- Колку што разбирам, мобилниот не е поопасен од велосипедот, скиите, или кој било друг предмет што во одреден момент луѓето го користат. Сметам дека нема некакво особено значење тоа дека тука се работи за мобилен. Едноставно, тоа е често употребуван предмет, којшто често се наоѓа близу нашата глава. Тоа е случајност, молњите се случуваат, и за жал од тоа загинуваат луѓе, рече Александар Гинсбург, доктор по физичко-математички науки на „Обухов”, Институтот за физика при Руската академија на науките.
Сепак, тој понатаму образлага дека и најмалата електрична енергија, која ја има во мобилните, е поопасна од изолацијата, на пример.
- Не треба за време на бура да се разговара по мобилен телефон, препорачува Гинсбург.
Што се однесув до момчето, како што самиот тој раскажува за порталот Life.ru, громот го погодил во раката, но тој сега чувствува болки само во главата. Според лекарите пак, момчето е при здрава свест и нема потреба од дополнителна медицинска помош. Веројатно ударот не ја содржел целата силина на атмосферското празнење.
Во истото тоа невреме, од гром загинаа еден маж и две жени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
