Живот
1. November 2016 - 10:47

Можеше да убие стотина луѓе: Пилот облечен во женски чорапи мастурбира среде лет/18+

На интернет се појавија фотографии од Колин Гловер (51) пилот на Бритиш Ервејс како се самозадоволува во текот на летот на висина од 11.500 метри.

На фотографиите се гледа пилот кој носи женски свилени чорапи, со нозете врз контролата табла, а се гледаат и неговите гениталии. На сликите се гледа и отворено порно списание на контролната табла.

Стручњак од авио компанијата изјави дека е болно вака да се управува со патничкиот авион.

-Ова е многу опасно, ако авионот се наоѓа на средина од летот, ако сте во воздух и можете да влетате во сериозни турбуленции, вели Крис Јејтс.

Британската компанија го суспендираше Гловер, додавајќи дека отвориле истрага по повод овие сериозни обвинувања.

Адвокатот на осомничениот рече дека Гловер не е на фотографиите.