Можни сценарија по референдумот во Италија

Со оставката на премиерот Матео Ренци, во Италија започнува период на политичка криза, и сега „на потег“ е претседателот Серџо Матарела, кој има неколку опции, ja пренесува БТА анализата на Франс прес.
Сценарио број 1: Ренци останува премиер
Веднаш штом премиерот денеска поднесе оставка, Матарела може да побара од него да состави нова Влада. Теоретски, така може да следи и гласање за доверба од Парламентот, било тоа со сегашното мнозинство, или со ново, кое би ја опфатило и десноцентристичката партија на Силвио Берлускони, Форца Италија. Берлускони пред извесно време навести таква можност.
Но, споед денешните изјави на Ренци, се чини, тој ја исклучува таа теза. - Доаѓа крајот на моето управување, рече тој.
Сценарио број 2: Назначување привремена влада
Тоа моментно е најверојатниот изход. Матарела ќе назначи нов премиер, кој претходно ќе има обезбедено поддршка на сегашното парламентарно мнозинство, или пак можеби на ново, пошироко мнозинство.
Како можни наследници на Ренци се споменуваат министерот за финансии, Пјер Карло Падоан и на претседателот на Сенатот, Пјетро Грасо.
Тој привремен владин состав ќе има задача да го обезбеди изгласување на буџетот за 2017 година, и измени на Изборниот кодекс пред евентуалните предвремени избори. Тој може да одлучи и да го доврши постојниот мандат на сегашниот парламентарен состав, којшто истекува во февруари 2018.
Со тоа не се согласуваат некои политички партии, како на пример, Движењето „Пет ѕвезди", коешто настојува изборите да се одржат што поскоро.
Сценарио број 3: Итно распуштање на Парламентот
Тоа е најмалку веројатната опција, бидејќи големите политички партии претпочитаат прво промена на Изборниот кодекс којшто беше изгласан минатата година, а кој прредвидува дополнителни места за партијата која ќе добие 40 или повеќе проценти од гласовите.
Оваа мерка требаше да значи постабилни владини мнозинства, но традиционално владеачките партии стравуваат дека врз основа на тој Кодекс, и Движењето „Пет ѕвезди" може да ја освои власта, па затоа сакаат да го вратат пропорционалниот модел, пишува „Вашингтон Пост".
Ново на Сител
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
-

Скопјанец управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, возилото е одземено
-

Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“
-

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
