-->
-->
МРТ се огласи за Стоилов: Тоа е личен став на новинарот, најавена е и санкција!
-->

Уредникот на спортската редакција на албански јазик во Македонската радио и телевизија, Мустафа Адеми, во преносот против Јапонија со својот несериозен пристап предизвика низа негативни реакции.
Имено, Адеми не го изговараше името на Стојанче Стоилов, туку нашиот репрезентативец го нарекуваше „играчот со број 5“, а поради таквиот потег од страна на раководните луѓе на МРТ најавена е и санкција за самиот новинар, доколку се утврди дека ги прекршил внатрешните правилници и кодекси на однесување на јавниот сервис.
„МРТ е јавно претпријатие со единствен систем на управување. Согласно тоа, сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, сѐ уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се злоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност. Да и посакаме успех на нашата ракометна репрезентација и да се обединиме во нејзините успеси“, велат од националната ТВ-куќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
