Македонија
3. July 2016 - 12:14

Мртво момче пронајдено на скијачката патека на Попова Шапка

Синоќа околу 19,00 часот на Попова Шапка поточно на скијачката патека на Церипашино во месноста Казани, пронајден бил починат М.Ј.(29).
 
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Тетово.
 
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.