МТСП: Има доволно средства за исплата на сите права од социјална заштита

Обвинувања на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) дека не се исплаќаат социјланите трансфери кон граѓаните се неточни и се провиден обид за манипулација со граѓаните во обид да се постигнат ситни политички поени, се наведува во реакцијата на Министерствтото за труд и социјална политика на изјавите на ПЦЕР, кои за денеска најавиле и протести ако не се исплати социјална помош.
- Тврдењата дека не се исплаќаат социјалните транфери кон граѓаните, односно дека не се исплаќа социјална помош, постојана парична помош, туѓа нега и други трансфери се целосно неточни. Истотака, целосно неточни се и тврдењата на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) дека Министерството за труд и социјална политика “тешко ќе може да ја исплати социјалната помош, затоа што касата на МТСП е празна”. За волја на вистината, Министерството за труд и социјална политика има доволно средства до крајот на годината да изврши исплата на сите права од социјална заштита, стои во реакцијата.
Воедно, потсетуваат дека Министерството и досега редовно и навремено ги исплаќа социјалните трансфери.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
