МТВ: Нејасни, лицемерни и неприфатливи се реакциите на градоначалникот, поддршката од Владата е огромна
Реагираа од Министерството за транспорт и врски на изјавата на градоначалникот Пецаков.
Велат дека поддршката од централната власт кон општината Охрид е огромна како никогаш досега а реакциите на градоначалникот се лицемерни и неприфатливи посебно кога станува збор за истиот градоначалник кој постојано повикува на забрзување на градежните работи на истиот автопат.
- Оваа несфатлива реакција доаѓа од градоначалник од политичката партија која остави хаос на истиот автопат, а сега истите тие грчевито се борат тој автопат да не се изгради. Пецаков треба да има во предвид дека се отстранија сите проблеми на оваа делница кои ги затекнавме од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше владата. Кога веќе градоначалникот зборува за поддршка од централната влада сакаме да го информираме дека Владата преку ЈПДП оваа година ќе започне и со рехабилитација на дел од патниот правец од Охрид кон Свети Наум за кој искрено се надеваме дека нема да биде противник за реконстукцијата и на овој патен правец, велат во реакцијата испратена од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот