Му дошол дома и мудро го надитрил - скопјанец остана без своите пари
Ограбен скопјанец во својот дом, измамникот успеал паметно да го надитри и да го оштети за околу 13 000 денари.
Според инфрмациите на МВР, вчера во 19,40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Б.Т.(79) од с.Волково -скопско и пријавил дека истиот ден околу 17,00 часот од страна на непознато лице му била извршена измама за сума на пари од околу 13.800 денари. Сторителот откако дошол во дворот на оштетениот и започнале разговор го довел во заблуда дека бил продавач на огревно дрво и дека ќе и му донесе шест метри кубни сечени огревни дрва ако Б.Т. веднаш му исплател 13.800 денари. Потоа заедно тргнале кон село Орман каде што наводно биле дрвата. По кратко време лицето се одвоило од Б.Т. со изговор да земел пила, но тој се вратил во куќата на оштетениот и на неговата сопруга и рекол да ставела кафе и дека дрвата ќе ги донеселе со нејзиниот сопруг, ама прво да му ги дадела парите што се договориле за дрвата. По ова сопругата на Б.Т. на лицето му ги дала парите по што истиот го напуштил местото на настанот. По извесно време Б.Т. се вратил дома а сопругата му кажала дека на лицето веќе му ги дала парите.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите