Македонија
4. May 2019 - 11:43

Му носеле дрога во пратките во затворот во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против 30-годишниот В.К. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. 

Во Казнено-поправната установа Затвор – Битола, при претрес на пратка за пријавениот, вработените пронашле и одзеле хероин и таблети бубренофин.