Му паднало минаре на глава и се борел за живот - по 15 години добил оштета

Озгун Шен во февруари 2003-та година излегувал од молитва во една џамија во Измир кога врз него се урнало минарето. Тој веднаш бил префрлен во локалната болница, каде лекарите рекле дека мали му се шансите да преживее.
По неколку операции и отстранување на дел од черепот, тој се опоравил. Но, претрпел тешки повреди на мозокот и не може да зборува.
По несреќата неговото семејство поднело неколку тужби. Првата била отфрлена, бидејќи било утврдено дека минарето само се урнало. Ден претходно, како што е наведено во пресудата, во Измир дувал силен ветер и тој бил причина за уривањето на минарето.
По ова, семејството поднело барање за надомест на штета. По 15 години, судот во Измир донел пресуда.
Џамијскиот одбор на Шен ќе мора да му плати 5 милиони лири, главнина и камата. Според сегашниот курс, тоа е речиси 1,2 милиони евра оштета.
Ново на Сител
-

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија
-

Измените на законот за пратениците пред Законодавно-правната комисија
-

Сончево и топло, од утре до крајот на неделата дожд
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
