Муцунски: Ако го ставиме фокусот на реални реформи, ќе бидеме една од земјите која најбрзо ќе се движи кон членство во ЕУ
При претставувањето на позицијата за „одложена примена на уставните измени“ не ветивме дека преку ноќ ќе се изнајде решение, но велиме дека имаме принципиелна позиција и тоа го аргументираме пред меѓународната заедница, земјите членки и европските институции. Со овој пристап го штитиме националниот интерес, односно да не бидеме во ситуација, како што сме биле во минатото, со неочекувано вето, а воедно го штитиме и среднорочниот и долгорочниот кредибилитет на Европската Унија, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Тој во интервју за политичкиот магазин „360 степени“ вели дека ставот за одложената примена е презентиран на многу средби и ја покажува подготвеноста на Владата за компромис, но, компромис кој носи извесност.
-Многу од соговорниците од Европската Унија сметаат дека нашиот пристап е логичен, коректен и соодветен, но тоа е пристап што бара прифаќање од Бугарија како наш сосед, додава Муцунски, нагласувајќи дека Европската Унија е базирана на култура на компромиси.
Според него, од брзоплети односи базирани на апстрактни рокови сме тука каде што сме, со нови блокади и ветo. Затоа, нагласува, не е логично да работиме со рокови, туку со принципи и јасен став, како што работиме во моментов.
Во однос на можноста за изнаоѓање решение за продолжување на евроинтеграцискиот пат, министерот Муцунски истакна дека Европската Унија не може да си дозволи дополнително одолговлекување на проширувањето со Западен Балкан.
-Гледано од геостратешки аспект, Европа не може да си дозволи политичко-безбедносен вакуум во нашиот регион. Ние сме земја која е целосно усогласена со заедничката безбедносна политика на ЕУ и која усвои реформска агенда. Ќе продолжиме со реформите во сите области, следејќи ги препораките на Европската Унија, вели Муцунски.
Министерот го истакннува и личното уверување дека, доколку се стави фокус на реални реформи, ќе бидеме една од земјите која најбрзо ќе се движи кон полноправно членство.
-Доколку навистина се насочиме кон европските реформи, проактивно и со конкретни мерки, ќе биде тешко за било која земја на подолг рок да нè блокира. Кога имате земја што е целосно усогласена со ЗНП и која на дело спроведува реформи, товарот за тоа припаѓа на Владата, на министрите, но и на невладиниот сектор и медиумите. Треба заеднички да се движиме низ тој процес, да ја реформираме државата, и немам сомнеж дека ќе бидеме една од земјите која најбрзо ќе се движи кон полноправно членство во моментот кога Унијата ќе се отвори за нови членови, смета министерот Муцунски.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје