Муцунски и Таравари во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни во посета на повредените во Солун
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во две солунски болници, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.
Државната телевизија ЕРТ објави дека Муцунски ѝ се заблагодарил на Грција и дека повредените се во добри раце, додека пак солунскиот портал „Тестивал“ објави видео и фотографии од пристигнувањето на Муцунски и Таравари пред болницата Папаниколау.
Новинската агенција АНА-МПА пишува дека двајцата министри ги посетија тројцата пациенти хоспитализирани на Одделот за изгореници во болницата Папаниколау и поразговараа со нивните родители, а веднаш потоа се очекува да ги посетат хоспитализираните во воената болница.
Министерот Јулекас говорејќи утрово за грчката телевизија „Опен“ рече дека заедно со Таравари ќе ги посетат повредените со изгореници кои се лекуваат во болницата Папаниколау и во воената болница 424 во Солун и „заедно со министерот за здравство ќе биде и заменик министерот за надворешни работи на Хаѕивасилиу“.
- Во секој случај сме во континуиран контакт со одговорните на блниците и лекарите кои ги следат за состојбата на повредените. Ова е трагичен случај, трагична несреќа, национална трагедија и за жал овие луѓе се во тешка ситуација. Грција уште од првиот момент ги отвори нејзините врати, вратите на болниците, како што е случај и со Турција и со други соседни земји да обезбедиме секаква можна помош за овие луѓе кои во овој тежок момент во нивните животи, водат тешка битка, рече Јулекас.
Како што вчера објави МИА, министерот за здравство, Арбен Таравари најави дека ќе ги посети пациентите кои се наоѓаат во болниците во Солун и Софија.
Во болницата Папаниколау се хоспитализирани три лица, а во воената болница во Солун други двајца повредени, сите со тешки изгореници.
Доцна синоќа, со авион Ц-130 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина беа префрлени тројца повредени во пожарот во Кочани и се хоспитализирани во атинската воена болница 401 на Одделот за повредени со изгореници.
Ново на Сител
-
Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови
-
Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
-
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица, информира Тошковски
-
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови
-
Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани
-
Уапсен 34 годишен кумановец, се заканувал на 28 годишна жена со која се познавале од претходно
-
Приведен 46 годишен тетовец, со воздушна пушка ја повредил сопругата на неговиот брат
-
Акција во општина Карпош за проверка на хидрантската мрежа во зградите