Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ, на која било констатирано дека двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи, со посебен фокус на развиената економска и трговска соработка.
Како што соопштија од МНР, на средбата бил поздравен фактот што Србија е наш петти најголем трговски партнер во 2023 година
Муцунски и Јовановиќ како особено значајно прашање го оцениле процесот на интегрирање на двете земји во ЕУ, што претставува гаранција за целокупната регионална и европска стабилност. Воедно, се наведува во соопштението, било нагласено дека двете земји се залагаат за негување на добрососедските односи, што претставува значаен аспект во насока на постигнување напредок на полето на евроинтеграциите.
- Согововниците констатираа заемен интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации, во функција на нејзино збогатување со нови содржини во интерес на просперитетот, мирот и безбедноста на регионот и пошироко, соопшти МНР.
На средбата се говорело и за солидната соработка и во делот на заштитата на националните малцинства во двете земји.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени