Македонија
13. February 2025 - 11:41

Муцунски се сретна со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, имаше средба со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман, кој е голем пријател и поддржувач на македонската заедница во Австралија.

На средбата, како што соопшти МНРНД, се разговараше за актуелните политички случувања, можноста за негова посета на Република Северна Македонија, како и за понатамошните текови во надворешната политика на Австралија. Посебен акцент е ставен на значајната улога на македонската заедница како силен мост на пријателство помеѓу двете земји.

Двете страни изразија подготвеност за продолжување на дијалогот и заедничка работа на иницијативи, што ќе придонесат за продлабочување на билатералните односи и отворање нови можности за соработка во области од заемен интерес, стои во соопштението од МНРНД.

Ново на Сител