Муцунски во работна посета на Шпанија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска е во работна посета на Кралството Шпанија, каде ќе оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено.
За време на посетата министерт Муцунски, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе се сретне со членови на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, а ќе има и свое обраќање на Кралскиот Институт El Cano на тема „ЕУ интеграции како императив за безбедност, стабилност и развој на регионот на земјите од Западен Балкан”.
Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат политичките релации меѓу двете земји, можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на перспективите за продлабочување на економските односи.
На средбите ќе бидат разменети мислења и за ЕУ досието на нашата земја и поддршката од Шпанија во овој контекст, како и соработката во бројните мултилатерални формати.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
