Муижниекс го осуди унгарскиот закон за азил
Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс, изјави дека е многу загрижен поради новиот закон во Унгарија, со што на властите им се дозволува да ги притвораат азилантите во кампови во јужниот пограничен појас на земјата, вклучително и семејствата со деца, како и адолесцентите кои се без придружба.
Муижниекс истакна дека со донесување на законот ќе бидат прекршени обврските на Унгарија, што се наложени со Европската конвенција за човекови права.
- Место да се осврнува кон притворањето Унгарија треба да инвестира во ефективни и прифатливи алтернативи. Таа, особено треба да го избегнува притворањето деца, нагласи комесарот за човекови права, додавајќи дека е многу загрижен оти новиот закон ќе создаде уште поголем проблем со азилантите во Унгарија.
Унгарскиот Парламент вчера го одобри автоматското притворање на сите баратели на азил во кампови од затворен тип, што се наоѓаат во јужниот пограничен појас на земјата.
- Законот, за кој гласаа мнозинството унгарски пратеници, е усвоен како одговор на неодамнешните терористички напади во Европа, кои беа извршени од мигранти, објасни унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Сите баратели на азил, кои влегуваат во Унгарија, како и оние кои во моментов се наоѓаат во земјата, ќе бидат притворени и префрлени во кампови и нема да им се дозволи да се движат низ државата за време на разгледување на нивното барање.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки