Свет
15. July 2015 - 11:23

Мула Омар ги поздрави мировните преговори меѓу авганистанските власти и талибанците

Талибанскиот лидер Мула Омар го поздрави денеска почетокот на преговорите меѓу авганистанските власти и талибанците како „легитимен исламски принцип“ со цел прекин на вооружениот бунт во Авганистан.

- Доколку ја согледаме суштината на нашите врски канони, може да се види дека состаноци и мировни акции со непријателите не се забранети. Паралелно со оружениот џихад политичките напори и ммировните акции за постигнување на свети цели се легитимен исламски принцип, наведува тој во соопштение објавено на сајт на талибанците.

Тоа е негов прв коментар за еднодневните мировни преговори меѓу авганистански официјални лица и претставници од талибанците близу Исламабад со присуство на претставници од Кина и САД, одржани на 7 јули. Учесниците разменија ставови за начините да се постигне мир и помирување во Авганистан. 

Ново на Сител