Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ
Во галеријата Ко-Ра во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на Гордана Винчиќ насловена „Лего со моето его“.
Проектот е мултимедијален и ретроспектива на творештвото на авторката во изминатите четири години. Винчиќ наведува дека овој дел од нејзиниот опус е нејзина длабока потреба по духовна авантура, а самата креација, вели таа, и го носи бараниот мир кој истовремено е подготвен повторно да биде немир.
- Овој мултимедијален проект е смислен визуелно да искаже еден од бројните начини како човекот може да се инспирира и самиот себеси да се остварува... Мојата игра е запишана во моите дела преку линија, форма, нарација и ритам. Воедно таа игра е рефлексија од моите автентични доживувања и средби. Во текот на творечкиот процес се раѓам и играм една провокативна игра, поттикната од сентиментот и егото, истакнува Винчиќ.
Ново на Сител
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
-
Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција
-
Пропаднал и последниот обид за решение за пругата до Бугарија
-
Дали Балканот е под ризик од немирите на Блискиот Исток?
-
Девет жртви во израелскиот воздушен напад во центарот на Бејрут
-
Тројца загинати во сообраќајка пред Прилеп
-
Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ