-->
-->
Мундобаскет 2019: Победи на Русија и Грција
-->

Кошаркарската репрезентација на Русија ја оствари првата победа во квалификациите за Светското првенство, што во 2019 година ќе се одржи во Кина.
По поразот пред три дена на гостувањето во БиХ, селекцијата на Русија попладнево пред својата публика во Нижни Новогород ја победи Белгија со 74-69 во меч од втората рунда во квалификациите.
И овојпат Русите се мачеа да стигнат до посакуваниот триумф, па откако на полувремето се замина со израмнет резултат 36-36, во третата четвртина руските кошаркари направија предност од 15 поени (26-11).
Сепак во последниот период гостите од Белгија се доближија на шест негатива (72-66) на две минути пред крајот, но немаа и сили за комплетен резултатски пресврт, па Русија забележа победа со конечни 74-69.
Најефикасен во руската репрезентација беше Карашев со 12 поени, а Зубков и Кулагин постигнаа 11 односно 10 поени.
Ова беше дуел од Е групата во која вечерва ќе играат Франција и БиХ, селекции кои во првото коло забележаа победи.
Во рамките на Х група, Грција го победи Израел со 82-61, а попладнево во оваа група ќе играат Естонија и Велика Британија.
Во останатите две групи, двојките за денеска се:
Ф група: Финска – Чешка и Исланд – Бугарија.
Г група: Србија - Грузија и Австрија – Германија.
Со овие натпревари ќе биде комплетирано второто коло, по што ќе следи пауза до февуари 2018 година, кога на програмата ќе бидат дуелите од вториот „прозорец“ односно средбите од третото и четвртото коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
