Мурињо, Спалети, Инзаги и Гасперини беа исклучени на неделните натпревари во Серија А
Четворица тренери на италијански клубови се исклучени во на средбите од Серија А одиграни во текот на вчерашниот ден.
На натпреварот Наполи – Рома (0:0), главниот тренер на гостите, Жозе Мурињо, доби 2 жолти картони за несогласување со одлуките на судијата Давиде Маса. На крајот од натпреварот, тренерот на наполитанците Лучијано Спалети му ракоплескаше на Маса за контролата на играта, но судијата ова го сметаше за манифестација на сарказам и несогласување со неговите одлуки и му покажа на Спалети директен црвен картон.
На дуелот меѓу Аталанта и Удинезе (1:1) беше исклучен главниот тренер на домаќините Џан Пјеро Гасперини. Во 91. минута судијата Ливио Маринели му покажа црвен картон, а во 94 минута Удинезе го израмни резултатот. Самиот Гасперини не разбра зошто е отстранет: „Не бев лут на никого и немам поим зошто ме отстранија. Судијата дојде да ме отстрани, не реков ништо, а потоа добив црвен. Никој крај аут-линијата не се пожали за ништо, рече тренерот.
На натпреварот Интер – Јувентус (1:1) главниот тренер на миланезите Симоне Инзаги доби црвен картон поради протестирање кон судијата Маурицио Маријани, кој на крајот одреди досуди пенал во корист на Јуве. Ударот од 11 метри Пауло Дибала го претвори во израмнување на резултатот.
Ново на Сител
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД