Мусави: Иран не планира средба меѓу Рохани и Трамп во ОН

Иран нема планови нивниот претседател Хасан Рохани да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп на маргините на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
-Нити сме планирале таква средба, ниту мислиме дека такво нешто ќе се случи во Њујорк, изјави Абас Мусави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи за државната телевизија.
Белата куќа вчера соопшти дека има можност Трамп да се сретне со Рохани во Њујорк следната недела, и покрај американските обвинувања дека Техеран стои зад нападите со дронови викендов врз нафтените постројки во Саудиска Арабија.
-Како што претходно кажавме, доколку Американците се вратат во нуклеарниот договор и го сменат својот економски тероризам, ќе можат да се вратат во заедничката комисија и да разговараат, појасни Мусави.
Тој ја имаше предвид комисијата во рамки на Заедничкиот сеопфатен акциски план, договор од 2015 година, што на Иран му даде ветување за ослободување од санкциите во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма.
Ново на Сител
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
