Балкан
23. May 2016 - 8:26

Мустафа: Косово се наоѓа пред големи можности

Косовскиот премиер Иса Мустафа смета дека Косово се наоѓа пред големи можности и оти „има потреба од луѓе кои преземаат одговорност за да ги унапредат процесите на Косово, а не за да покажат кој е добриот, а кој лошиот.

Ова тој го напиша на својот профил на Фејсбук во форма на обраќање до граѓаните на Косово кое го почнува со зборовите: Почитувани граѓани, Косово се наоѓа пред големи можности!

Тој понатаму пишува: „нашите граѓани се добри и трудољубиви луѓе, секој на свој начин. Оние кои ги кршат правилата и законот ги оквалификува правдата. Сепак, различноста во мислењата, се политички и културни вредности на најнапредните народи. И ние ќе го следиме тој пат“.

- Се наоѓаме во историски мигови, кои не обединуваат и ќе не доведат на патот на иднината. И на патот на формирањето на вооржените сили, како и на побрзиот економско-социјален развој и евро-атланската интеграција, пишува Мустафа.