-->
-->
Музичар бил прободен со нож од сосед дур држел он-лајн концерт
-->

Музичарот Пеце Петровски (29) од Битола, во саботата навечер држел он-лајн концерт во својот дом.
Најнапред бил навредуван и повикуван на физичка пресметка од страна на сосед, кој подоцна успеал да го прободе со нож во пределот на раката. Бил прободен бидејќи му сметала музиката за време на онлајн концертот, кој Петровски го пренесувал на социјалните мрежи.
Петровски е познат на естрадната сцена во Битола. Иако е вработен во компанијата Кромберг и Шуберт, имал редовни настапи во локали во околината, како на пример во Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Охрид, пеел на разни настани и фестивали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
