Музичарите од Охрид со протест бараа протокол што би им овозможил да работат
Членовите на Здружението на музичари од Охрид „Охридски музички еснаф“ денеска одржаа протест барајќи од надлежните да изнајдат начин што ќе им доволи на музичарите да ја остваруваат својата дејност од која обезбедуваат средства за егзистенција.
Оградувајќи се од каква било политичка заднина, тие изразија разбирање и свесност за новонастанатата ситуација, новата реалност, но истовремено испратија барање до надлежноите институции да изнајдат начин како и музичарите да бидат вклопени во системот на работа, преку измени на законот со кој се забранува „жива свирка“ во угостителските објекти.
Игор Бежаноски, претседател на „Охридски музички еснаф“, во име на 96 членови на здружението оцени дека со мали измени и дополнувања на донесените протоколи за работа на угостителските објекти може да се обезбедат услови за и тие да можат да ја извршуваат својата дејност, без притоа да бидат закана за сопственото и здравјето на посетителите на објектите.
Наведувајќи го примерот со решението за одржување поголеми музички настани, концерти, фестивали и слично, тие сметаат дека крајно време е да им се обезбедат и услови за нивната работа од која обезбедуваат егзистенција, секако и во насока на поголема атрактивност и посетеност на рестораните кои, исто така, мака мачат работејќи со преполовени капацитети.
– Охрид е туристичкиот центар на Македонија, но и културен центар со многу настани од секаков вид. Живата музика што ја нудат угостителските објекти е дел од таа етно-култура препознатлива за градот, но и за државата. Потполно ја разбираме новонастаната ситуација, но исто сме убедени и сигурни дека нашата дејност не претставува закана од здравствен аспект, се разбира доколку се спроведува според однапред утврдени протоколи. Затоа апелираме да се разгледа нашето барање, со уверување оти со сериозен пристап на сите страни може да се изнајде решение за проблемот, рече Бежаноски.
Согласно последните протоколи за работа на угостителските објекти, тие можат да работат и во затворените делови со придржување кон однапред утврден протокол. Што се однесува до музичката понуда, во сила е забраната за организирање прослави во отворен и во затворен дел на објектите.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот