-->
-->
МВР: 134 санкционирани возачи во Скопје, 28 за брзо возење
-->

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 134 мерки, меѓу кои, за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, и шест санкции за возење под дејство на алкохол.
Како што информира МВР, изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за возач почетник…
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
