МВР: 67 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 17 упатени на вонреден технички преглед
На територијата на Република Северна Македонија вчера во периодот од 12.00 до 16.00 часот е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација.
Како што информираат денеска од МВР, на вонреден технички преглед се упатени 17 возила.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата и на сите нас.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
