-->
-->
МВР: Братот на „Ел Чека“ не е приведен
-->
Министерството за внатрешни работи во изјава за „Порталб.мк“ ги демантираше пишувањата во медиумите дека братот на „Ел Чека“, Блерим Ахмети, бил приведен денеска.
– Тој не е приведен, само беше во полиција за да го пријави протестот што ќе се одржи в сабота – вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Блерим Ахмети пред неколку дена беше на чело на протестот против ДУИ, кој се одржа во Мала Речица. Протестот беше против „неправдите што ги прават Албанците“ и против политичката власт.
Ел Чека на Фејсбук-профилот од крајот на минатиот месец објави неколку снимки од телефонски разговори на луѓе од врвот на ДУИ и во врвот на извршната власт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи