МВР: Фотографираните во „Пролет“ и „МТВ“ може да проверат на интернет дали им е готов пасошот
Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва информира дека од денеска е ставена во функција, најавената можност, граѓаните на Скопје кои се фотографирале за нови патни исправи во редовна постапка на пунктовите „Пролет“ и „МТВ“, да го проверат статусот на нивниот пасош.
Како што се појаснува во соопштението од МВР, може да се види дали пасошот е во процес на изработка или тој е изработен и може да се подигне.
- Со оваа функција, значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите што се создаваа, бидејќи граѓаните беа принудени да чекаат и по неколку часа, само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен, се наведува во соопштението.
Од МВР информираат дека во тек е надградување на овој систем, со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.
Проверката може да се направи на https://termin.mvr.gov.mk/document_status
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“