-->
-->
МВР: Градоначалникот Стојановски изјави дека снимката на интернет е од јануари 2018 година
-->
Министерството за внатрешни работи доцна синоќа соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави на интернет.
- Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018 година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта, се наведува во соопштението.
По насока на обвинителство Стојановски бил пуштен во 20:30 часот, а во врска со овој случај, од МВР информираат дека ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД