МВР: Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува со напорите за намалување на злоупотребата на мало и лесно оружје
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи денеска започнаа нов проект насочен кон намалување на ризикот од нелегална трговија и злоупотреба на мало оружје и лесно оружје (МЛО). Новиот проект се надоврзува на резултатите од претходниот проект, спроведен во изминатите четири години со финансиска поддршка од Европската унија и германското Министерство за надворешни работи. Оваа активност му помогна на Министерството за внатрешни работи да ја надгради својата безбедносна инфраструктура на 15 гранични премини низ целата земја, да воспостави стандардни правила за управување со залихите на МЛО и да ја зајакне улогата на Националната комисија за МЛО.
„Безбедноста на националните залихи на МЛО е од најголемо значење за зголемување на безбедноста на границата, придонесување во борбата против организираниот криминал и избегнување на понатамошна нелегална трговија, што на крајот придонесува за безбедноста на граѓаните во регионот и пошироко“, изјави шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која на отворањето на настанот за отпочнување на активноста.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави: „Проблемот со неконтролирано ширење на мало и лесно оружје во последниве години се здоби со важност во меѓународните, регионалните и националните агенди, бидејќи дополнителните глобални околности, особено во доменот на масовните миграции и видоизменувањето на терористичките концепти, ги мултиплицираа можните опасни последици од неконтролираната пролиферација на малото и лесно оружје. Неретко сме сведоци дека овој вид незаконски и криминални активности претставува и еден од катализаторите кој што дополнително ги трансформира локалните инциденти во многу пошироки регионални и глобални настани. Од овој аспект примарно е заедничкото градење на стандарди за развој на ефективни системи за размена на информации и транспарентност, споделување на најдобри пракси, како и подигање на јавната свест преку спроведување на соодветни програми.
Ото Граф, заменик-шеф на мисијата во Германската амбасада во Скопје, истакна дека целта на овој проект е да го поддржи секторот за спроведување на законот на Република Македонија во развивањето своја професионална служба за подобро справување со транснационалните закани преку мало и лесно оружје како и во борбата против организираниот криминал.
Ново на Сител
-

Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Единствено ние ги намаливме цените на горивата минатата недела, граѓаните да бидат спокојни состојбата се следи, има доволно количини
-

Фирма од Свети Николе оштетена за 44.222 евра при компјутерска измама
-

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува
-

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
-

Уценувала газда со фотографии од нехигиенска кујна да му плати 5.000 евра или да ја врати на работа
-

Телото го измил и го подготвил за погреб, синот кој си го уби таткото во Гостивар прикривал траги
