МВР отвори шалтер „Безбеден град“ за граѓаните да ги ажурираат податоците
МВР отвори шалтер безбеден град на кој граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт податоци кои ги доставиле при регистрирање на возилото. На овој шалтер ќе можат да пријават и доколку добиле опомена со неточни податоци. Освен овде, измени на податоци ќе можат да направат и на станиците за технички преглед каде што има референт на МВР.
Уште првиот работен ден на овој шалтер во МРТ имаше редица граѓани. Најчест проблем е што за опомената не им стигнала смс порака.
Граѓаните сметаат дека системот безбеден град веќе дава резултати, возачите повеќе внимаваат. Но, освен контрола за поголема безбедност велат е потребна и соодветна инфраструктура.
На голем број граѓани иако свесни дека сториле некој прекршок досега не им пристигнала опомена веројатно поради стари податоци или пак системот се уште нема капацитет да ги улови сите возила. Други пак се пожалија дека им стигнал записник за прекршок на возило кое воопшто не било управувано.
Од МВР апелираа сите возачи да ги ажурираат податоците, ако не можат на шалтер тогаш преку електронската пошта bezbedengrad@moi.gov.mk На оваа адреса ќе можат да ги пријават сите проблеми со функционирањето на системот.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
