МВР: Повредени четири полицајци во вчерашните протести
Четири повреденени полицајци, скршен прозорец на Владат, уништена заштитна ограда. Ова се штетите од вчерашниот протест кои МВР ги регистрираше во денешниот билтен.
На 04.07.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир. Така, околу 16.50 часот, пред Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19.35 часот дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање на разни предмети и пиротехнички средства кон објектот на Владата, а дел од нив ја оштетиле и уништиле заштитната ограда. Околу 20.30 часот дел од учесниците на протестот се упатиле кон зградата на Собранието на РСМ каде фрлале со тврди предмети кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон, при што биле повредени четири полициски службеници кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. На 05.07.2022 во 01.33 часот, пак, е пријавено дека околу 00.20 часот е забележано оштетување на еден прозорец од објектот на Владата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - велат од МВР.
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
