Македонија
26. March 2021 - 17:31

МВР: Превземени мерки во врска со таблата “Republika e Shqiperisё” со знамето на Албанија во Кичево

Во врска со информацијата за поставената табла во билиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево на која само на албански јазик е напишано “Republika e Shqiperisё”, со знамето на Албанија, а која води кон дел од библиотеката каде граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија, Министерството за внатрешни работи информира дека веќе презеде мерки согласно своите надлежности и за случајот е известен Јавен обвинител од надлежното Основно јавно обвинителство.