МВР со детали за филмското апсење на познатиот битолчанец
Вчера во 13.30 часот во СВР Битола, В.Б. (42) од Битола, вработен како полициски службеник во СВР Битола, пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот за време на пауза во работното време, додека заедно со неговата сопруга М.Б., со нивното ПМВ „Цитроен“, се движеле по ул. „Пеце Матичевски“ биле пресретнати од ПМВ „Дачиа Дастер“ во кое бил Д.С. (47) од Битола. Д.С. застанал со возилото на пешачки премин пред возилото на В.Б., излегол и се упатил кон него, при што на висок тон му упатил пцовки и закани по животот.
Полицискиот службеник веднаш излегол од возилото, се легитимирал и му дал усна наредба на Д.С. да престане со дејствието. Веднаш потоа Д.С. го фатил В.Б. за вратот и почнал да го дави, а потоа го турнал во возилото и повторно му упатил закани по животот. Д.С., исто така, се обидел да му го одземе службениот пиштол на полицискиот службеник, но не успеал. Во меѓувреме, сопругата на В.Б. се јавила кај друг полициски службеник, кој заедно со уште еден полициски службеник дошле на местото на настанот и му упатиле усна наредба на Д.С. да прекине со нападот.
Откако не ги послушал се обиделе да го лишат од слобода, но бидејќи цело време давал активен отпор, не успеале. Кога пристигнале уште неколку полициски службеници Д.С. бил лишен од слобода и одведен во СВР Битола. По извршениот разговор истиот бил пуштен на слобода. Против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
Истиот ден во 17.00 часот Д.С. дошол во СВР Битола и пријавил дека околу 12.15 часот се движел со ПМВ „Дачиа“, а кога стигнал на пешачкиот премин пред хотел во Битола застанал со цел да пропушти пешаци. Во тој момент поминувал возач кој управувал ПМВ „Цитроен“ и почнал да свири по него и да му упатува пцовки, по што излегол од возилото, ја отворил вратата на ПМВ „Дачиа“, го извлекол Д.С. од возилото, извадил пиштол, го репетирал и му го вперил во главата, велејќи му дека ќе го убие. Според пријавителот Д.С. тоа бил В.Б., полициски службеник од СВР Битола, кој не се легитимирал. СВР Битола презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат