МВР со детали за сообраќајката во која загина жена

Жена почина вчера во сообраќајна несреќа во Тетово информира МВР. Вчера во 18:55 часот било пријавено дека во Тетово кај кружниот тек од булеварот „Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С.(57) од Тетово, а сопатник била 52-годишната Д.С. и патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 55-годишниот И.Ј. од село Слатино, а сопатник била 56-годишната Ф.Ј.
Со возило на Итна медицинска помош повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош и кај З.С. од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатничката Д.С. им подлегнала на повредите. Кај возачот и сопатникот од возилото „Голф“ од страна на лекар констатирани биле телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.
Ново на Сител
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
