-->
-->
МВР со детали за сообраќајката во Трубарево во која загина мотоциклист
-->

Вчера во 12.30 часот во с.Трубарево, скопско, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(72) од Скопје, малолетен пешак од с.Трубарево и мотор „баутијан“, управуван од И.Ќ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, кој починал на местото на незгодата. Д.Д. и малолетниот пешак се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај малолетниот пешак биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.Д. телесна повреда. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот мотоциклист ќе биде предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силјановска го пречека бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
