Македонија
2. February 2025 - 16:45

МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари

МВР откри печатница каде се штанцале  фалсификувани пари. Меѓународна криминална група печатела банкноти во евра и долари а потоа ги распостранувале низ целиот регион. Македонската полиција со поддршка од Европол и Интерпол оперира во повеќе градови низ земјава. Се бара поголема количина на фалс пари. МВР не открива детали за колкава печатница се работи и каде точно е лоцирана. Од обвинителството ја потврдија акцијата. 

„Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката.

Според информации на Сител се работи за сузбивање на голема криминална мрежа која делува во повеќе држави од регионот.   

Во акцијата со кодно име „Вардар“ во Србија се уапсени 6 лица. Тамошната полициска акција се одвива во градовите Нови Сад, Нови Пазар, Сомбор и Суботица. Лицата се дел од организираната криминална група за фалсификување пари. При апсењето кај нив е пронајдена поголема количина фалс пари. 

Поранешниот висок функционер во МВР Ѓурчевски вели дека ваквите криминални мрежи се комплицирани со оглед дека се работи за групи кои делуваат на различни територии. Конкретната реализација според него се должи на долгогодишно следење и соработка со интернационалните безбедносни служби. 

Во тек се претреси на повеќе локации, а надлежните институции најавија повеќе информации во текот на денот.