МВР спроведува анкета за оценување на работата на сообраќајна полиција
По воведување на системот за снимање со камери, Министерството за внатрешни работи ги поканува граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери, да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем.
Од МВР потсетуваат дека во изминатите неколку месеци Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, Гостивар, Куманово и Охрид почнаа со употреба на камери за регистрирање на контактот со граѓаните.
Овој проект е имплементиран со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и ИЦИТАП меѓународната програма за помош и обука при водење на кривични истраги на министерството за правда на САД.

Како што појаснуваат од МВР во соопштение, проектот веќе во следна фаза планира имплементација на системот за снимање со камери на територија и на другите Сектори за внатрешни работи ширум државата со што целата сообраќајна полиција би била опремена со таков систем со кој ќе се отстрани било каква можност за коруптивно и незаконско постапување.
-Со цел оценка на мобилниот систем за снимање со камера (МССК) ги покануваме граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери да ја искористат можноста да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем, соопштија од МВР.
Како што посочуваат, оценувањето ќе се врши преку пополнување на анонимна анкета од мобилен телефон со едноставно скенирање на следните QR кодови на македонски и албански или со директно кликање на следниот линк.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
