МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година - соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, најголем дел од кривичните дела се за „телесна повреда“ - 130 и „загрозување на сигурноста“ - 52 кривични дела. Посочуваат дека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди. А, најголем број од кривичните дела од семејно насилство во овој период се проијавени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје - 62.
-Во текот на минатиот месец, Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави. И во овој дел има зголемување од 71,3 отсто во однос на мај 2025 година. Мерки на кривичен прогон се преземени против 144 сторители, а како жртви на кривичните дела се 143 лица. Во овој период, по брза постапка поднесени се вкупно 18 кривични пријави, мерка притвор е одредена за 15 сторители, а за 48 лица се изречени мерки на претпазливост. Поднесените кривични пријави по брза постапка, споредбено со истиот месец од претходната година бележат зголемување за 800 отсто - посочуваат од Министерството.
Од МВР соопштија дека во мај 2026 година регистрирани се вкупно 19 прекршоци, најчесто за „физички напад“ и „карање и викање“, како и 499 поплаки, од кои најголем број се на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип.
МИА
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
