МВР: Во вчерашната сообраќајка на автопатот Велес-Скопје еден починат и 27 повредени
Вчера (20.08.) околу 18:50 часот на автопатот А-1, Велес - Скопје, поточно на 250 метри пред зимскиот пункт на “Македонија Пат“, се случила сообраќајна несреќа во која што автобус марка „неоплан“ со скопски регистерски ознаки сопственост на „Бус Травел“ ДПУ ДООЕЛ Скопје, а управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал надвор од коловозот и слетал во провалија.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сите 27 патници, кои со возила на итната медицинска помош се пренесени во болници во Велес и Скопје. Како последица од здобиените повреди лицето Н.П. (68) од Скопје починала на КАРИЛ.
Увид на лице место изврши Јавен обвинител од ОЈО Велес во содејство со увидна екипа од СВР Велес. На лице место излезе и екипа на Територијална противпожарна единица Велес. Сообраќајот на таа делница од патот се одвиваше отежнато по една коловозна лента. Увидот на лице место ќе продолжи и во текот на денешниот ден.
Ново на Сител
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот