MЗ: Демант за лажните информации објавени за набавка на вакцината Спутник В
Министерството за здравство во целост ги демантира лагите и дезинформациите објавени на неколку медиуми дека Република Македонија преку „посредник - српски државјанин“, ја набавила вакцината против Кови 19, Спутник В производство на рускиот Центар „Гамалеја“. Станува збор за целосно неточни информации и бараме овој демант да биде објавен во целост.
Министерството за здравство ја информира јавноста дека набавката на вакцината Спутник В од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата. Првите 3.000 дози вакцини веднаш пристигнаа откако МЗ го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од проиводителот на вакцината Спутник В.
За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник В, Синофарм, Астра Зенека или Фајзер, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот. Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против Ковид 19. Ваквите лажни вести имаат за цел намерно да го нарушат процесот на набавки на вакцини.
Министеретсвото за здравство ја цени и поддржува слободата на медиумите, истражувачкото и критичко новинарство, но укажуваме информациите до кои доаѓаат медиумите сериозно да ги проверуваат, како би се избегнало ширење на лажни вести.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?