МЗ: Не е укинат Центарот за декубити во Геронтолошкиот завод-Скопје

Пациентите во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ - Скопје се соодветно третирани и згрижени согласно европските препораки за геријатрија и палијатива. Згрижени се во установата поради разни заболувања, а поради неподвижноста и мултиморбидитети развиваат декубити. Во рамки на Геронтолошкиот завод функционира Центарот за декубити, каде тие се третираат. Центарот за декубити, како и домашната посета за третман на пациенти со декубити во домашни услови не се укинати.
Ова го соопшти Министерството за здравство во врска со објавите во некои медиуми дека Центарот за декубити е затворен.
Согласно расположивиот кадар во установата (моментално е докторот на специјализација по дерматовенерологија), во стационарниот дел се третираат сите пациенти кај кои ќе се појават декубити од страна на веќе обучен и специјализиран кадар. Пациентите кои ќе побараат специјалистичко-консултативна дерматолошка консултација се прегледуваат од дерматолог и се упатуваат во соодветна установа, се посочува во соопштението.
Бројот на пациенти кои се упатуваат исклучиво за третман на декубити, како што се наведува, во изминативе месеци е намален и овие пациенти се упатуваат на Клиниката за дерматологија, како и хирушките клиники - васкуларна и пластична хирургија, каде можат да добијат мултидисциплинарен третман.
Од Министерството посочуваат дека иницијалната определба на Заводот е унапредување на геријатриската и палијативната грижа, неопходно е проширување на неговите капацитети согласно коморбидититети карактеристични за пациентите кои таму се лекуваат, а за пациентите кои имаат потреба од третман исклучиво на декубитални промени ќе се настојува во иднина да се третираат мултидисциплинарно во соодветни здравствени установи.
Ново на Сител
-

Се уште не се знае по кој модел ќе се гради Чебрен и Галиште
-

Во Прилеп се чистат речните корита за да се спречи нивно излевање
-

Во очекување на корекција на цената, оризарите протестот го ставија во мирување
-

Свеста за органодарителството сеуште на ниско ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
