МЗ: Од петмината потврдени со коронавирус во Штип, двајца се од Радовиш
Министерството за здравство, по добиената информација од Институтот за јавно здравје, соопшти дека од денеска потврдените пет случаи во Штип, по завршувањето на епидемиолошката анкета е утврдено дека две лица се од Радовиш, кои се тестирале преку Центарот за јавно здравје во Штип.
Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје -13, Куманово – 8, Штип – 3, Радовиш – 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 221, Куманово -93 Дебар – 49, Штип-18, Радовиш – 2, Прилеп – 24, Тетово – 17, Струга – 23, Велес – 9, Битола – 4, Охрид – 3
Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 7.
Ново на Сител
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара