МЗ се уште го чека извештајот од обдукцијата на шестгодишното девојче кое почина во Битолската болница
Министерството за здравство се уште го чека извештајот од обдукцијата од Судска медицина за шестгодишното девојче Јана кое почина во Клиничката болница „Др Трифун Пановски“ во Битола.
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека очекуваат за кратко време Обвинителството да го побара извештајот, по што тие во истиот момент ќе го достават.
-Се што е од стручната комисија и од инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, се е во извештајот. Чекаме од Обвинителството да ни го побараат и да ја доставиме документацијата, рече Меџити и додаде дека во најскоро време ќе ја посети битолската Болница.
Шестгодишната Јана почина на 22 март во битолската Клиничка болница само неколку часа откако била примена со оток на очите, болки во грлото и нозете и повраќање. Нејзините родители се сомневаат дека девојчето не било соодветно третирано.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ