МЗ: Во ниту една здравствена установа не постои наредба за забрана за снимање или фотографирање од медиумите
Од Министерството за здравство денеска соопштија дека во ниту една здравствена установа не постои наредба за забрана за видеоснимање и фотографирање од страна на медиумите. Во соопштението од Министерството се наведува и дека директорот на ГОБ „8-ми септември“ Христија Костов не издал наредба за забрана за снимање на болницата.
– Тријажниот центар може да се снима и фотографира од одредена далечина бидејќи овде има пациенти кои чекаат да бидат хоспитализирани, а возила на Брза Помош носат болни во тешка состојба и од таа причина редот мора да се запази како не би се нарушила приватноста на пациентите, но и работата на здравствените работници од една страна и медиумските работници од друга страна. Доколку постои интерес од страна на медиум, за снимање на влезот, внатрешниот дел на ковид центар, тирјажен центар, хоспитализација на пациенти, или слично ве молиме да се обратите до здравствената институција или Министерството за здравство, како би се организирало снимање или фотографирање, со кое нема да се нарушат правата и приватноста на пациентите, ниту пак да се доведе во ризик здравјето на медиумските работници, истакнаа од МЗ.
Оттаму посочуваат дека медиумите може непречено да ги вршат работните задачи без притоа некој да им смета или да ги ограничува во професионалното работење.
– Согласно Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на лични податоци, Министерството за здравство и здравствените установи се должни да го заштитат идентитетот на секој пациент, како и неговата приватност, од таа причина ве молиме при видео или фото известување задолжително да ги почитувате и заштитите идентитетот и приватноста на пациентите, посочија од МЗ.
Ново на Сител
-
Крива Паланка доби прв парк за миленици
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Оперативно-техничката агенција
-
Турција: Градоначалник од опозицијата уапсен поради наводни врски со терористи
-
Според извештајот на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта
-
Ван Нистелрој: Ќе му помагам на Манчестер jунајтед се додека е потребно
-
Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото
-
Миовски двоен стрелец за Жирона во триумфот над Екстрамадура
-
Ким Џонг-ун: Лансирањето интерконтинентална ракета е предупредување до непријателите