МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 16.955 вакцини
Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.
Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.
Ново на Сител
-
Плаколм: На Северна Македонија треба да и се овозможи пристап до програмите на ЕУ
-
Уметност на договорот? Како Трамп се повлече од царините
-
Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа на Менхетен
-
Вишиот суд во Нови Сад ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата
-
Сончево со мала до умерена облачност, со температура до 19 степени
-
Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице
-
Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата
-
Студентите на Правниот факултет во Скопје после 15 години го промовираа првото стручно списание